fbpx

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

10% ПОПУСТ НА ПРВА НАРАЧКА

Search

РАТАН И ЈУТА

Трендот на ратанот, јутата, памукот и останатите природни материјали, останува во подем и во 2022 година. Но што ги прави овие материјали толку популарни?

Ратанот веќе не се користи само за мебелот на отворено, тој го има своето заслужно место и во внатрешноста на нашите домови. Со текстурата, автентичноста и уникатноста, овие материјали се во првите редови на дизајнот последнава година, мебелот од ратан и јута брзо се најде себеси како еден од најжешките трендови во светот на декорот. Но, доколку немате идеја како да ги стилизирате парчиња мебел и декоративните елементи од ратан и јута, не грижете се. Издвоивме неколку идеи подолу за да ви помигнеме како да ги вклопите во вашиот дом – успешно.

  • ОДБЕРЕТЕ ЛУСТЕР ОД РАТАН

Ратанот е толку разновиден – може да се користи за мебел, огледала, столчиња, кревети и абажури и сл. Може да изгледа по малку чудно кога се користи заедно во различни облици и форми, но ако сакате да започнете со едно парче, тогаш одлучете се за неверојатен абажур. Можете да ги искористите тоновите на ратан во шарата на тапетот, кафеава кожна софа и килим од јута.

  • НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ

Ратанот постои стотици години, па може безбедно да се каже дека е безвременски, но важно е да не се претера со овој изглед бидејќи брзо може да се почувствува застарен, истиот треба внимателно да се избалансира со другите тонови, текстури и материјали. Најдобар начин да се справите со ова е да ја искористите филозофијата „помалку е повеќе“ и да изберете едно парче мебел како оваа уредна и стилска комода што има елементи од ратан – без да бидат премногу очигледни.

  • СЕ ВКЛОПУВААТ ВО СЕКОЈ СТИЛ

Така е, природните материјали навистина одговараат речиси со сè, тоа ги прави добра инвестиција бидејќи ви дава многу разновидни опции во дизајнот. Без оглед на шемата на бои што ја имате, тепихот од јута ќе му даде на просторот рустикален елемент.

  • ЛЕСНИ СЕ ЗА ОКО

Бојата на природните материјали честопати е предмет на дебата кога станува збор за ентериерот, при што многумина ги сакаат или ги отфрлаат. Сепак, топлите и неутрални тонови можат да создадат отворена, свежа и пространа атмосфера, прекрасна за прифаќање и уживање. Даваат прекрасен органски елемент на вашиот простор и прават работите да се чувствуваат “лесно“.

ЗАШТЕДИ 10% НА ПРВА НАРАЧКА

*внеси купон PRVANARACKA и добиј го попустот