fbpx

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

10% ПОПУСТ НА ПРВА НАРАЧКА

Search
Услови за користење

ПРИМОНТА ДООЕЛ – ЦОКО (во понатамошниот текст: компанија) Скопје ви овозможува користење на услугите и содржините на својата интернет страница кои се регулирани со овие Услови за користење и важат за сите содржини, страници, интернет домени и поддомени кои се во сопственост на компанијата. Со користењето на интернет страницата, нејзините содржини и услуги се смета дека корисниците во секој момент се запознаени со овие Услови за користење и со Политиката за приватност и дека во целост ги разбираат и прифаќаат.

Опис на услугите
Компанијата им овозможува на своите корисници преку веб-страницата да се запознаат, подетално да се информираат, како и да порачаат, односно купат одреден/и производ/и во согласност со постоечките регулативи за електронска трговија.

Забрани за корисниците на веб-страницата

На корисниците не им е дозволено:

  • пласирање на содржини на веб-страницата или кои било нејзини делови, кои ги кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони, содржини кои се навредливи и вулгарни, содржини кои може да наштетат на компанијата или на другите корисници, како и лажни содржини или содржини кои предизвикуваат тензии од каков било вид;
  • манипулација со лични и доверливи податоци, како и лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;
  • споделување на промотивни материјали, рекламни пораки, „спам“, верижни писма, лажни наоди или тврдења;
  • свесно пласирање на компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема во сопственост на компанијата или кои компанијата ги користи;

Забрана за користење на порталот, услугите и укинување на кориснички налог
Корисниците прифаќаат дека компанијата има потполно право, без претходна дозвола од корисникот или известување да ги отстрани содржините за кои смета дека не одговараат на овие Услови за користење, како и да ги укине корисничките налози на регистрираните корисници.

Промена на содржините на порталот и услугите
Компанијата има потполно право без претходна дозвола од корисниците и без нивно известување да изврши времена или трајна промена на делови од содржината или целосната содржина на веб-страницата.

ПРИМОНТА ДООЕЛ не одговара за евентуални печатни, технички или останати грешки на веб-страницата.

Промена на Условите за користење
Компанијата го задржува правото на промена на Условите на користење во кое било време, без преземање на одговорност од последиците кои ги предизвикале тие промени.

Промените стапуваат на сила со нивното објавување.

за регистрација со основни потребни податоци во делот за регистрација.

Компанијата има право да ја промени формата за регистрација во секое време без претходна најава и без барање дозвола од корисниците, врз основа на тоа на корисниците им се препорачува да ги следат наведените упатства при самата регистрација.

Избор на производи
Посетителот/корисникот има право да пристапи до сите јавно достапни производи објавени од страна на компанијата и да се информира подетално за нив.

Посетителот/корисникот, со цел полесна навигација во рамките на веб-станицата, има можност да ги користи различните категории, делот за филтрирање или полето за пребарување.

ЗАШТЕДИ 10% НА ПРВА НАРАЧКА

*внеси купон PRVANARACKA и добиј го попустот