fbpx

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

10% ПОПУСТ НА ПРВА НАРАЧКА

Search
ЗА НАС

Почитувани,

Со coko.mk ја започнавме визијата – да направиме милион убави домови. 

Ние, со нашите производи сме тука за да ви помогнеме да создадете простор кој што го одразува тоа што сте Вие како личност. Кога Нашите клиенти ги споделија фотографиите од нивните домови, видовме дека се неверојатно различни. Истата маса, истиот стол, истите декоративни предмети кај различни луѓе се различно  вклопени во просторот. Ова ни кажува едно нешто, дека луѓето сакаат нивните домови да бидат уникатни. Сфативме и дека луѓето се многу посреќни кога самите учествуваат во дизајнирањето и изборот на мебел, бои и декорации за нивниот дом, со тоа оставајќи личен печат и дел од својот карактер во домот. Вие сте уметникот, Вашиот дом е платното, Ние сме палетата со помош на која уметникот создава уметност. Колку повеќе уметнички дела создавате, толку е поголем нашиот успех.

Во coko.mk, сакаме да ја откриете радоста на создавањето.

Секој има катче од домот кое делува празно и без душа, Ние сакаме да Ве поттикнеме да размислите како на тоа катче да му дадете топлина и енергија. Затоа одредете  неколку квадратни метри од Вашиот дом и од ништо трансформирајте го во нешто прекрасно.

Нашите вредности

Опсесија со клиенти: Клиентите се во центарот на што и да правиме во coko.mk. Ги следиме тековните трендови во уредувањето на ентериерот. Нудиме повеќе различни стилови, за секој од Вас да може да се пронајде во некој од нив. Успеваме да ја вклопиме функционалноста и естетиката во едно. Воспоставуваме долгорочна врска со клиентите и се стремиме да ги воодушевиме во секоја интеракција. Наша цел е да поставиме глобален репер за среќата на нашите клиенти. 

Искреност и транспарентност: Ние сме искрени, етички и доверливи во начинот на кој ние го живееме животот. Имаме највисоки стандарди за корпоративно управување во сите наши активности. Транспарентно комуницираме со сите наши клиенти. Кога ние правиме грешки, ние сме искрени. Постојано повторуваме и учиме од нашите грешки. 

Ефикасност: Тука сме да изградиме долгорочен одржлив бизнис. Имаме за цел да направиме повеќе со помалку и се фокусираме на нула изгубено време. Ние веруваме дека самоодржливиот бизнис ќе биде одговорен и ќе ги решава проблемите на клиентите на вистински начин.

Бидете наш партнер: Секојдневно додаваме неверојатни нови производи во нашата палета за да им помогнеме на нашите клиенти да ги направат своите домови убави. Ако сакате да станете наш партнер и да се придружите на нашето патување за правење милион убави домови, пишете ни на info@coko.mk

ЗАШТЕДИ 10% НА ПРВА НАРАЧКА

*внеси купон PRVANARACKA и добиј го попустот