fbpx

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

10% ПОПУСТ НА ПРВА НАРАЧКА

Search

ЧАСОВНИКОТ КАКО ДЕКОР ВО ДОМОТ!

Со промената на стилот на живеење и дизајнот на новите производи, ѕидните часовници немаат повеќе единствена цел да го покажуваат времето, туку станаа дел од декорот и убавината на домот. Веќе нема да ги најдете досадните и обичните ѕидни часовници, туку уникатните модерни ѕидни часовници кои се повеќе стануваат стил, блесок и мода!

Вообичаено, ѕидните часовници се најмал приоритет за ентериерите во домот, но доколку истите се одберат внимателно и во склад со просторот, тие можат да додадат огромно значење и карактер на ентериерите на вашиот дом!

Најважното нешто кое треба да се запамети при изборот на ѕиден часовник е да се одлучите за оној кој што сметате дека на некој начин ја претставува вашата личност и го подобрува декорот на вашата соба. Часовникот може да стане фокусна точка на ѕидот како украсно парче, без разлика дали станува збор за вашата дневна соба, спална соба, трпезарија, кујна, ходник или која било друга просторија.

Закачувањето на ѕиден часовник е слично како да закачите уметничка слика во вашата соба. Тоа е дел од целокупниот декор. Бидејќи ѕидните часовници се генерално евтини, всушност би можеле да имате колекција од нив. Еден од начините за украсување со ѕидни часовници е да закачите неколку слични по ред, како да се уметничка галерија. Или на пример, доколку имате некој близок пријател кој живее во земја со различна часовна зона од вашата, можете да поставите уште еден часовник кој ќе го покажува времето во таа земја.

ЗАШТЕДИ 10% НА ПРВА НАРАЧКА

*внеси купон PRVANARACKA и добиј го попустот