fbpx

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

10% ПОПУСТ НА ПРВА НАРАЧКА

Search

КАКО ДА ГИ ДЕКОРИРАТЕ ПОЛИЦИТЕ И БИБЛИОТЕКИТЕ

Дали се сеќавате на времето кога полиците за книги во домот се користеа исклучиво за книги и енциклопедии? Но, во денешно време, дизајнот на полици за книги доби сосема ново значење, во овој простор се почесто може да се најдат семејни фотографии, уметнички дела, антиквитети, спомени и други декоративни додатоци.

Додавањето на вашите омилени спомени и негувани предмети на вашата полица или библиотека помага да се создаде чувство на топлина и удобност, а сето тоа го прави вашиот дом поубав. Ви предлагаме неколку корисни совети за тоа како полесно да ги декорирате полиците и да ја претворете вашата обична библиотека во прекрасен приказ на вашиот личен стил.

 

1. Испразнете ја полицата

Започнете од нула. Ако веќе имате предмети на вашата библиотека, извадете ги сите и темелно избришете ги полиците. Исчистете ги сите ваши украсни додатоци и нежно исчистете ги книгите од прашина. Следно, одберете неколку книги и акцентни парчиња што сакате да ги користите во дизајнот на вашата полица. Во ред е да земете повеќе отколку што ви треба, бидејќи секогаш можете да ги елиминирате додатоците штом ќе започнете. Сега сте подготвени за украсување!

2. Започнете со најголемите парчиња

Изберете ги најголемите парчиња декор што сакате да ги користите, како што се вазни, скулптури или поголеми рамки за слики и ставете ги на вашата полица. Овие акцентни парчиња ќе станат фокусна точка на дизајнот на вашата полица за книги и ќе ви овозможат да креирате приказна околу нив. Не грижете се ако вашите украсни парчиња не се доволно големи за да ја наполнат полицата вертикално. Можете да наредите неколку книги под нив за да создадете ефект на пиедестал и да го подигнете вашиот декор на полица до посакуваното ниво.

3. Додадете книги и декор

Сега е вашето време да бидете креативни! Дизајнот на полиците бара малку трпение додека си играте за да го добиете вистинскиот изглед. Пополнете го просторот со книги и вашите омилени украси како што се свеќи, украсни кутии, рамки за слики, плетени корпи и друго. Можете да ги ажурирате вашите полици во текот на годината со замена на неколку од вашите акцентни парчиња во корист на предмети со празнична тематика или сезонски декор.

4. Вклучете елементи од природата

Растенијата во саксии се одличен додаток на дизајнот на вашата полица за книги. Тие внесуваат свежина во домот, како и дополнителна боја во вашата декоративна палета. Различни големини на растенија ви овозможуваат да ги пополните различните празнини на полицата. Покрај растенијата, можете да вклучите и други елементи од природата, како што се школки, украсни камења и сл. смесетени во стаклен сад или послужавник. Едноставно цвеќе во вазна може да биде сладок додаток на вашиот декор на полица.

5. Стремете се кон рамнотежа

Рамнотежата е неопходна при украсувањето на полиците за книги, затоа погрижете се сите ваши полици да бидат подеднакво исполнети – не претрупувајте една полица, додека другата ја оставате гола. Повремено направете чекор назад за да ја проверите вашата работа и да ги преуредите предметите по потреба. Добро украсените полици го отсликуваат вашиот личен стил, како и работите кои што ги цените. Тие ви даваат можност да ја раскажете вашата приказна преку омилените фотографии и спомени, за истите да можете да ги споделите со сите што минуваат низ вашиот дом.

ЗАШТЕДИ 10% НА ПРВА НАРАЧКА

*внеси купон PRVANARACKA и добиј го попустот